Активистки на Демократски сојуз во соработка со Хуманитарната организација на црквата Свети Спас, Скопје, денес учествуваа во подготувањето и служењето на топол оброк на лица социјално загрозени и без свој дом.
Ова е продолжение на хуманитарната активност на Демократскиот сојуз на жените, а во функција на активирање на сите хумани да направат нешто повеќе за оние на кои им е потреба грижа и помош од заедницата.
За згрижување на овие граѓани потребно е и поорганизиран општествен пристап и вклучување на невладиниот сектор, хуманитарните организации и сите добронамерни и хумани граѓани.