Home / Вести / Алармантни состојбите во македонските медиуми

Алармантни состојбите во македонските медиуми

                                    

            Состојбите во македонските електронски медиуми(радијата и телевизиите ), особено регионалните и локалните се повеќе од алармантни.

       Ова го покажа истражувањето на  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со Институтот РЕСИС.        Според добиените податоци  во вкупно 32 локални и регионални ТВ станици, вработени се само 54 новинари, или 1,69 новинари по медиум. Оваа бројка е уште полоша кај локалните и регионалните радиостаници: во вкупно 62 такви на број, вработени се само 65 новинари или 1,05 новинари по медиум.         Резултатите од мапирањето на популацијата на новинари и медиумски работници во Македонија  кое го изработија ССНМ и Институтот РЕСИС, ќе бидат презентирани на конференцијата „Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство” која ќе се одржи  денеска во  хотелот „Холидеј Ин” во Скопје.          Предмет на истражувањето на независниот синдикат на новинари беше колку новинари има во Македонија, каде се ангажирани, колку од нив се редовно вработени, а колкумина се хонорарци и дали тие ги уживаат загарантираните права предвидени со Законот за работните односи?  Воедно во истражувањето новинарите беа анкетирани за тоа дали  се чувствуваат слободни да членуваат и дејствуваат во свои синдикални организации, и колку активизмот во овие организации и пред сѐ, во ССНМ може да влијае врз подобрување на условите, безбедноста и професионализмот при работењето?
           Колку платите на медиумските работници соодветствуваат на ангажманот и дали тие можат да бидат подобрени, дали борбата против корупцијата треба да започне од уредувањето на односите во новинарството? Дали и колку социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници влијае врз нивниот професионален интегритет?
        Со анализата ССНМ се обиде да дојде до вистинските сознанија за овие прашања преку истражувања и работа на терен, но и преку размена на искуства, идеи и предлози за заедничко дејствување со цел соодветно да се адресираат проблемите и да се подобрат состојбите во медиумите и во новинарството, се вели во анализата.      Ваквите резултати од истражувањето ја покажуваат лараматнтата состојба во медиумите во Македонија.
     Слична е состојбата и во битолските медиуми, кои се соочуваат со недостиг на кадар и кои работаат   во исклучитено тешки услови.        Иако во истражувањето не е потенцирано, сепак главната причина за ваквите состојби во електронските медиум е Законот за електронски медиуми, со кои се забрани рекламирање на јавните претпријатија, локалните самоуправи како и државните институции во радијата и телевизиите.  
 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*