Андреј Гинов е ново избраниот директор на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Битола.
Гинов е роден на 12.07.1984 година, а магистрирал безбедност при работа.
Во досегашниот период, бележи 17 годишно работно искуство во ЕЛЕМ – РЕК „Битола“.
Неговото назначување доаѓа по верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот директор на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски, информираат од Општина Битола.