Home / Uncategorized / Антонио Милошоски: Подготвени сме за изборите

Антонио Милошоски: Подготвени сме за изборите

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се целосно спремни за настап на локалните избори каде што очекуваме со нашата програма и кадровска понуда да освоиме најголем број на гласови на локалните избори, најголем број на советници во споредба со другите политички партии и најголем број на градоначалници споредбено со другите политички коалиции, изјави на денешната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој рече дека очекуваат нивниот тим кој што е создаден од Извршниот Комитет секојдневно и навремено да си ја исполнува својата задача за подготовка на програмата за настап на изборите на државно ниво и подготовка на сите програми на локално ниво.

Според Милошоски, локалните избори на 15-ти октомври нема да бидат обични локални избори.

„ Многу прашања не добија одговор од актуелната власт на Заев, Ахмети и Села. Прашањето за двојазична Македонија не беше ветено пред изборите, а денес е товар на незадоволството и достоинството на македонските граѓани. За тоа прашање исто така граѓаните ќе можат да го дадат своето мислење на 15-ти октомври“, рече Милошоски и додаде дека на изборите граѓаните ќе можат да се изјаснат и за македонско – бугарскиот договор кој е штетен, но и за други чекори на актуелната власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*