Денеска во Битола почна асфалтирањето на реконструираните спортски терени во училишниот двор на ОУ „Тодор Ангелевски“.Терените ќе бидат наменети за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка, заедно со потребните спортски реквизити, а паралелно се врши хортикултурно уредување. Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови.
Општината Битола за реконструкцијата на спортските терени во ова основно училиште издвои над 3.700.000 денари.