Home / Вести / Aсфалт за спортските терени на ОУ “ Тодор Ангелевски “

Aсфалт за спортските терени на ОУ “ Тодор Ангелевски “

Денеска во Битола почна асфалтирањето на реконструираните спортски терени во училишниот двор на ОУ „Тодор Ангелевски“.Терените ќе бидат наменети за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка, заедно со потребните спортски реквизити, а паралелно се врши хортикултурно уредување. Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови.

 Општината Битола за реконструкцијата на спортските терени  во ова основно училиште издвои над 3.700.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*