Општина Битола, продолжува со комплетирање на инфраструктурните услови кои се од посебна важност за економскиот напредок на градот, граѓаните на општината, но, и за привлекување на нови инвестиции и посетители.
Реализацијата на проектот “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола“, влегува во финална фаза со асфалтирањето на улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“.
Вкупната инвестиција на Општината Битола за реализација на овој проект изнесува 18.897.776,00 денари, а активностите се очекува да бидат комплетно завршени оваа недела, зависно од временските услови.