Асфалтирана улица “Широка“
Posted by: Битолски Весник
in Uncategorized
May 3, 2019
1,656 Views
- Започна асфалтирањето на ул.„Широка“ во Битола. Откако на оваа улица претходно беше комплетно променета водоводната и канализационата мрежа, следуваше поставувањето на тампонот, по што денес финално се постави асфалтната маса. Увидна екипа од Општина Битола заедно со градоначалничката Наташа Петровска, разговараа со изведувачите за текот и динамиката на работењето, додека пак жителите од оваа улица изразија задоволство од комплетирањето на изгледот на улицата. Улицата „Широка“ во Битола се асфалтира во должина од 500 метри, а паралелно при реконструкцијата на улицата, се поставуваше улично осветлување и се изработија тротоарите.Изведувач на градежните работи за ул. „Широка“ е фирмата „Ленди Груп“ од Скопје, а за асфалтирањето на улицата, Општина Битола издвои околу 3.300.000 денари.
денари Широка 2019-05-03