Don't Miss
Home / Вести / Атанас е првото новороденче во болницата „Плодност“, градоначалникот Коњановски на среќните мајки им подари пригодни новогодишни подароци

Атанас е првото новороденче во болницата „Плодност“, градоначалникот Коњановски на среќните мајки им подари пригодни новогодишни подароци

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети најсовремената болница „Плодност“ и им подари пригодни новогодишни подароци на мајките, чии бебиња дојдоа на свет во Новата 2025 година, во присуство на директорот и сопственик на Болница „Плодност“ прим. д-р Таше Трпчевски.

На сите граѓани на Република Македонија, им ги честитам Новогодишните празници и посакувам оваа година да биде весела, радосна и успешна година во добро здравје. Во раните утрински часови во 7 минути по полноќ, породена е прворотка со спонтано породување со машко бебе, а во 7 часот породено е второто, женско бебе кај мајка треторотка со царски рез.
Оваа година имавме 799 раѓања, 33 помалку од минатата година. Според здравствените параметри на Заводот за статистика, бројот на живородени е помал за 6% на ниво на цела држава, што значи дека и ние го следиме тој тренд. Очигледно е дека се повеќе ни се иселуваат младите, дека се помалку се склучуваат бракови, а расте бројот на разводи. Мислам дека Болница „Плодност“ исправена пред сите предизвици, успешно се справи во 2024 и успешно ќе одговори во 2025 со следење на модерната технологија и иновациите
-рече прим. д-р Таше Трпчевски.

Градоначалникот Тони Коњановски, честитајќи им на родителите, традиционално им подари подароци на новороденчињата.
Искрени честитки до родителите. Да имаме што повеќе дечиња и младите да ни останат тука, во Битола. Нека ни е Среќна Новата година-порача градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Фотографии: Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*