Home / Uncategorized / Безбедноста во РЕК “ Битола “ на највисоко ниво

Безбедноста во РЕК “ Битола “ на највисоко ниво

                            

          Постапувајки согласно препораките на Министерството за здравство и Владата, во РЕК “ Битола “ се воведени најстроги мерки на безбедноста од корона вирусот.

          Во Комбинатот сите вработени  при влезот и излезот од РЕК “ Битола “ мораат да се легитимираат и дезинфецираат.

          Се дезинфецираат сите автобуси, службени автомобили, канцелариите, управната зграда, работните простории. Поради вирусот затворена е кујната во Комбинатот. Нема пиење ни кафе.Поставени се информативни табли за заштита од корона вирусот.

          Поради краткиот период за објавување тендери за набавка на дезинфекциони средства и заштитни маски и нараквици, како и друга облека во овој момент  на помош излезе Синдикатот преку кој во се одвиваат во најголем дел набавките за заштитна опрема.

          Паралелно со безбедноста на вработените се води сметка  и за препораките на Владата за организрање на процесот за производство.

          Во целост е сменет начинот на работа на администрацијата.

          Инаку според директорот на РЕК “ Битола “ Златко Ќурчиевски процесот на производство на електрична енергија се одвива нормално, а нормално засега се одвива и снабдувањето со резервни делови, иако некои добавувачи од Кина најавија доцнење со некои испораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*