Откако по појавата на пандемијата со корона вирусот беа прекинати првенствата во сите сите спортови, сите спортисти и спортски работници, како и најголемиот број граѓани се во домашен “карантин “
Голем број спортисти по препорака на своите тренери тренираат во домашни услови, колку толку да ја одржат својата форма.
Поради пандемијата, покрај тоа што се привремено прекинати голем број значајни домашни, европски и светски првенства, за прв пат во историјата на спортот се одложени и Олимписките игри, кои требаше да се одржат во Јапонија.
Засега никој не само во државата, туку ни во светот не знае кога ќе бидат продолжени првенствата.
Деновиве фоторепортерот на Битолски весник, Димитар Петковски за време на полицискиот час, направи фото галерија со работен наслов “ Седи дома – биди сликан” каде преку неговиот објектив можете да ги погледнете битолските спортисти како го поминуваат времето кога се во домашен карантин.
Во фотогалеријата можете да ги погледнете најблиските на: Пашовски, Трајчевски, Исмаили, Драгарски, Илиевски, Димитровски како и поранешниот долгогодишен доктор на екипата на Пелистер , Зоран Лазаров. Од ракометарите екс спортскиот директор на Македонската репрезентација Димитар Митревски со фамилијата, поранесниот претседател на РК Пелистер, кој ја освои дуплата круна Спире Мавровски , голманот на Македонија , Никола Митревски , асистентот во Пелистер Златко Велјановски , поранешниот ракометар заедно со неговиот татко тренер Петко Босеовски,како и долгогодишниот ракометар на Пелистер, а сега во Металург Реваз Чантурија со неговата фамилија, ракометарот на Пелистер 2 Филип Јовановски,поранешниот ракометен работник Миле Крстевски и тренерот на малдите категории во Пелистер Еурофарм Игор Николовски со фамилијата.