Здружението на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализираше проектот „Биди малку смела“ кој е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес.
„Биди малку смела креира“ креира “сигурен простор” кој иницира будење на сочувство и меѓусебна поддршка на девојките и жените.
„Биди малку смела“ е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс туку инспирира на промислување, саморефлексија, ја канализира енергијата и ја трансформира во креатива.
„Биди малку смела“ започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметности, нежно и смело поттикнуваат на самоистражување, спознавање на личните бунтови и стравови и нивно преточување во став и конструктивна визуелна уметност.
Визионерката на „Биди малку смела“ е Ангела Христовска – визуелен уметник.
Гостинка на овие работилници беше Катерина Ангеловска – автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness (свесна) медитација, Реики мастер енергетски терапевт, мотивациски говорник.