Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони
Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски и почесниот конзул на Република Франција Калиопа Кривашија Стилиновиќ, деновиве беа дел од прославата напатронот на збратимениот град Епинал – Св. Никола.
За време на посетата делегацијата на Општина Битола имаше можност, заедно со делегациите на збратимените градови од Германија, Белгија и САД да проследи многу добро осмислена програма.
Беа организирани посети на општински институции, старт-ап инкубатори и други структури каде се реализираат проекти
иницирани од локалната власт.
Размената на искуствата и добрите практики со оваа француска општина претставуваат одлична можност за обезбедување одржливо партнерство, но и примена на искуствата во некои сегменти од функционирањето на Општина Битола.
Во духот на веќе докажаната соработка се одвиваа официјалната и
останатите бројни средби со градоначалникот на Епинал, г – дин Филип Нарден и дел од неговите најблиски соработници.
Акцентот во разговорите се стави на две значајни теми за Општина Битола – цивилната заштита, односно опремувањето на новата зградата за противпожарна заштита која е во изградба како и урбаната мобилност, во којашто Епинал има исклучителни резултати на европско ниво.
Исто така, не помалку значајни се и новите можности за културна размена помеѓу двата градови, како и размената на ученици која беше долги години традиција и која ќе се обнови веќе од идната година.
Битола и Епинал ги врзуваат 56 години пријателство. Тоа е најдолгото
збратимување помеѓу македонски и француски град.