Home / Вести / Битола(полу)празна

Битола(полу)празна

               

        На само неколку часови пред дочекот  Новата 2021 година, Битола денеска, во претпладневните часови изгледа (полу)празна.

        На најфреквентната улица Широк Сокак  може да се забележи дека само мал број битолчани  кои излегле да купат нешто, или да испијат кафе.

        На оваа улица денеска забележавме и неколку кафулиња буквално празни, без гости.

        Немаше турканици ни пред бутиците или рестораните.

         Дали ваквата слика е поради тоа што битолчани строго ги почитуваат мерките и препораките на Владата, или пак  најголемиот број од нив претходно купија тоа што посакуваа останува непознато.

        Но едно е сигурно, во Битола ја нема (пред)новогодишната атмосфера како во минатите години кога Широк Сокак беше тесен да ги собере сите кои се движеа по улицата.

        Единствените гужви се пред супер  маркетите и банките, додека на другите локации буквално се е мирно и без турканици.

        Битолчани едвај чекаат да ја испратат оваа 2020 година, која на сите ним им донесе многу грижи и проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*