Don't Miss
Home / Вести / Битолчанец измамен за еден милион денари

Битолчанец измамен за еден милион денари

Триесет и шест годишен битолчанец во Битолската полиција пријавил дека бил измамен за еден милион денари.

На 18.11.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, 36. годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 1.000.000 денари. Според пријавеното, од 03.09.2024 до пријавувањето имал комуникација со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник, при што во наведениот период преку една  платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-стои во информацијата на СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*