Home / Култура / Битолчани со нетрпение го очекуваат концертот на извонредниот Дуке Бојаџиев

Битолчани со нетрпение го очекуваат концертот на извонредниот Дуке Бојаџиев

Топ тема деновиве во Битола е концертот на извонредниот Дуке Бојаџиев.

Влезниците за неговиот концерт во големата сала на Центарот за култура се распродадени во рекордно време, дознава Битолски весник.

Битолчани со нетрпение го очекуваат утрешниот концерт на познатиот македонски музичар, кој веќе подолго време живее и твори во Њујорк.

Дуке Бојаџиев ќе одржи и  концерт во Скопје.

Првиот концерт, закажан е за вечерва на 13 февруари во Скопје, е во рамките на програмата по повод 70 години постоење на Македонската филхармонија, а веќе следниот ден, на 14 февруари, Бојаџиев ќе настапи во Центарот за култура во Битола.

-Концептуално концертот ќе содржи музика од мојата филмска работа („До балчак“, „Сенки“, „Војната заврши“), како и неколку нови материјали и обработки на македонска изворна музика. Од Њујорк носам тројца солисти-редовни гости на моите филмски, албумски и концертни изданија: вокалот Крсте Роџевски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунцли. Концертот ќе биде спој од класична, филмска, изворна и модерна музика зачинета со љубовна поезија од Мевљана Руми (13 век, суфизам). Концертот ќе се одржи на 13 февруари, во очи на Денот на вљубените и е насловен: Сон, Верба, Љубов. Со истата програма годинава треба да се претставиме и на престижната сцена на ’Карнеги хол’ во Њујорк – изјави деновиве Бојаџиев.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*