Home / Вести / Битолски весник ги почнува подготовките за одржување Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2020“

Битолски весник ги почнува подготовките за одржување Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2020“

Откако Владата донесе одлука да се олабават мерките за одржување на Манифестации и забави, Битолски весник ги почна подовките за одржување на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2020“

Фа потсетиме на конкурсот кој го објави Битолски весник на почетокот на годината па до крајот на февруари 2021 година, се пријавија над 75 кандидати за добивање на едно од признанијата.

Поради пандемијата Изборот беше одложен до создавање на подобри услови за одржување.

Сега кога очигледо е дека пандемијата попушта, а во тек е масовна имунизација Битолски весник одлучи да ги почни подготовките за одржување на Манифестацијата.

Со оглед на новата ситуација Битолски весник од идниот број ќе го продолжи конкурсот за пријавување за нови 15 дена до кога кандидатите кои постигнале успех во минатата 2020 година, да се пријават на јавниот повик.

Во наредните денови Битолски весник ке донесе одлука кога и каде ќе се одржи завршната Манифестација, која едно е сигурно ќе се одржи по сите здравствени протоколи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*