Деновиве, кога актерите на Битолскиот народен театар мируваат и не играат престави , шивачите на НБТ шијат маски за медицинските работници на Клиничката болница во Битола.
Според информциите од НБТ ќе бидат сошиени 300 маски, кои ќе им бидат донирани на вработените медицински лица во Клиничката болница, со цел за нивна заштита.