Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го изразува своето длабоко сочувство со семејствата на загинатите и настраданите во невремето што во изминатиов период го зафати подрачјето на Скопје и околните места.
-Со желба да им помогне на загрозените семејства, Универзитетот донесе одлука да издвои 200.000 денари парична помош што ќе биде упатена до жителите во најпогодените подрачја“, се вели во информацијата од Битолскиот универзитет.
Истовремено УКЛО започнува акција за собирање помош што ќе се спроведува во сите високообразовни институции во составот на Универзитетот.
Б.В.