Во петокот во Битола се одржа заедничка средба на новинарите од Битола и Прилеп, на која присуствуваа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, Советот на етика, Катерина Синадиновска и преставници на бизнис заедницата од Стопанската комора на Пелагонискиот регион.
На оваа и те како значајна средба за медиумите и медиумските работници од Битола и Прилеп присуствуваа само неколку преставници на познати прилепски компании, додека од Битола учество на средбата зеде само преставничката на “Би Милк”, Полексена Јанкуловска.
Битолските бизнисмени и членовите на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола едноставно ја игнорираа средбата и не зедоа учество на истата.
Навистина жалосно е на една така значајна средба на која медиумите и бизнисмените требаше да се договорат за нивната сегашна и идна соработка, да учествува само еден претставник од бизнис заедницата на Битола.
Но отсуството на битолските бизнисмени на средбата, е само уште една потврда дека битолските бизнисмени едноставно освем за своите бизниси и добри релации со власта не ги интересира ништо друго.
Медиумите од Битола на средбата се пожалија дека битолските бизнисмени и членовите на Регионалната стопанска комора едноставно не ги интересира судбината на битолските медиуми, кои се наоѓаат во исклучително тешка материјална и финансиска состојба.
И покрај тоа што Битола како град има доста голем број успешни бизнисмени и сопственици на значајни компании и фирми кои остваруваат и те како добри финансиски резултати, тие едноставно не сакаат да се рекламираат и не се чувствуваат повикани финансиски да ги поддржуваат битолските медиуми.
Во изминатиот период тие едноставно покажаа дека тие немаат ама баш никаква општествена одговорост не само за работата на медиумите и новинарите, туку ни за културата, спортот, образованието, општествената нафградба.
Како инаку да се толкува фактот што многу малку, или воопшто, успешни битолски компании, кои остваруваат милионски евра профити не се рекламираат во битолските печатени и електронски медиуми и онлајн портал.
Ваквиот игнорантски однос на бизнис заедницата кон битолските медиуми доведе до тоа најголемиот број од медиумите во Битола едвај да преживуаат и да опстојуваат и да се најдат на границата на својот гол опстанок, а новинарската професија да стане најнепривлечната за работа и тотално неинтересна за младите новинари , кои едноставно одбиваат да се занимаваат со новинарство.
Медиумите во Битола посебно ги погодија законските решенија со кои им се “забранува” на јавните претпријатија, акционерските друштва со доминантен државен капитал, или Општините, да издвојуваат пари за рекламирање, или финансиска соработка со медиумите.
Во ситуација кога државните институции, компании и фирми не издвојуваат средства за рекламирање во локалните медиуми и кога бизнис заедницата во Битола нема апсолутно никаков слух за рекламирање, или сработка со медиумите, сосема е логично што најголемиот дел од битолските медиуими едвај преживуваат и што новинарите едноставно го напуштија новинарството.
Дел од нив станаа портпароли, а голем број новинари се вработија во ддржавни фирми или се занимаваат со други дености.
До колку во најскоро време не се смени нешто Битола ќе потони во целосен медиумски мрак и “информирањето “ во Битола за настаните и случувањата во градот и општината, ќе се одвива само на социјалните мрежи во кои секој еден поединец, кој има “ паметен телефон “ и интернет, ќе биде и новинар и уредник и сопственик на “медиум”, преку кој ќе објавува тоа што тој сака да го објави, а неговите “ пријатели “ да го читаат.
За професионално информирање, според новинарските стандарди и почитување на кодексот на новинарството на Македонија нема да стане ни збор.
На медиумите во Битола , едноставно им се заканува згаснување и исчезнување од етерот, или медиумскиот простор.
Затоа новинарите на средбата побараа укинување на членот од Законот со кој се забранува рекламирање на државните компании и јавните претпријатија и ставање ред во медумскиот простор, во кој ќе се знае кои се професионални медиуми кои ги почитуваат сите стандарди во новинарството и создавање на регистер на онлајн веб портали.
Немањето слух за состојбата во медиумите Битола досега доста скапо го плати.
Во медиумскиот простор ги нема повеќе некои познати медиуми, а новинарството како професија го напуштија над стотина новинари и медиумски рабоници.
Битолски весник како најстар традицонален печатен медиум за ваквата состојба во два наврати го информираше премиерот на Владата, Зоран Заев, кој искажа разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат локалните медиуми и подготвенсот да се најдат законски решенија за подобрување на состојбата.
Но за жал досега не е ништо направено од тоа, со што продолжува агонијата на битолските медиуми.
Во една таква незавидна ситуација се наоѓа и битолски весник, кој мака мачи како да опстани на медиумскиот простор.
Наскоро ќе измине една цела година како Весникот укажува на тешката финансиска состојба во медиумскиот простор, а во таа смисла и во Битолски весник.
Тоа што е најжалосно ваквите тешки момент Битолски венсик ги доживува кога слави 55 години од излегувањето на првиот број и кога навлезе во 56 година од своето редовно излегување.
Некои раководни лица, институции, јавни претпријатија, кои за време на јубилејот искажаа целосна поддршка за Весникот кој е најстар локалне печатен медиум во државата, за жал во целост ги затворија славините и го оставија Весникот да се снаоѓа сам на пазарот.
Таквите “ ексоперти “ во ова априлика сакаме да ги потсетиме дека Битолски весник цели 30 години работи на пазарни услови и е целосно пазарно орентиран. Но на ваков пазар каков што е битолскиот, кога битолските тајкуни, кои вртат милиони евра капитал, кој го стекнале благодарение на соработката со државата и државните компании, и кои не би ти ја дале ни болеста, а камо ли да издвојат средства за рекламирање, таквото “ комерцијално работење” е буквално невозможна мисија.
Но за жал тоа едноставно никој не го интересира.