Home / Вести / Битолските пожарникари добија ветување за нова зграда

Битолските пожарникари добија ветување за нова зграда

Фото: Општина Битола

За „Денот на пожарникарството на Македонија“ градоначалникот на Битола им вети нова зграда на битолските пожарникари.
-Денес кога се одбележуваат 187 години, од формирањето на противпожарната единица, сакам да им го честитам „Денот на пожарникарите“, да им се заблагодарам за пожртвуваноста, храброста, хуманоста и солидарноста, при сите интервенции, кога е потребно нивно делување за заштита на животот и зачувувањето на безбедноста на населението и материјалните добра, при пожари и други непогоди. Како локална самоуправа, остануваме посветени на работата на создавање подобри услови за нашите пожарникари, за што покрај подобрувањето на опременоста и возниот парк, активно работиме и на реализација на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, со цел нашите пожарникари, да добијат соодветни и многу подобри услови за работа – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на одбележувањето на 20 мај, „Денот на пожарникарството во Македонија“, кој заедно со претставници на Советот на општината, положи цвеке пред спомен плочата на територијалната противпожарна единица во Битола.
Инаку ТППЕ Битола е најстарата единица во државата и на Балканот, формирана на 20.05.1836 година со повелба на Румелискиот Валија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*