Пет лица се повредени и веднаш се пренесени во битолската Клиничка болница по сообраќајната несреќа што се случи рано изутрината на патот Битола – Прилеп.
Несреќата се случила околу 7.50 часот, кога “бмв“ со битолски регистерски таблички од засега непознати причини излетало од патот и се превртило.
Во возилото биле вкупно 5 патници кои веднаш по пријавата на несреќата со итна медицинска помош биле
пренесени во Клиничката болница.
Засега според информации на “Битолски весник“ сите патници се контактибилни и се надвор од животна опасност.
Инаку, според некои патници, кои денеска рано изутрината патувале за Скопје, патот Битола – Прилеп бил
замрзнат и лизгав, а поради густата магла сообраќајот се одвивал мошне отежнато.
Во СВР Битола ја потврдија сообраќајката, но не можеа да ни дадат подетални информации како дошло до истата.
Б.В.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
