Петнаесетина минути откако Бојан Јовановски беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“, беше повикана Брза Помош.
Јовановски на носилка беше изнесен и однесен на клиника.
-Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше, не беше контактибилен. Дојде Брза Помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот, рече адвокатот Сашо Дуковски.