Денеска новоименуваниот амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија Драган Јаќимовиќ, оствари прва работна средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
На средбата амбасадорот Јаќимовиќ ја потенцираше неговата заложба за воспоставување на што поблиски контакти на двете земји, не само на културен, туку и на економски план.
Тој истакна дека треба да се возобноват некогашните контакти кои што градот Битола ги имаше со градот Бања Лука и да се воспостави соработка на двата универзитети од овие градови.
Градоначалничката Петровска на средбата ја образложи политиката на Битола за воспоставување на поблиски односи со збратимените градови од поранешна Југославија, а со тоа и можноста за поблиски релации со Бања Лука, пред се на ниво на контакти на Регионалните стопански комори, училиштата итн.