Во врска со случајот ДИК и наплатата на бонусите државниот советник во Министерството за фиансии Бранимир Јовановиќ изјави:
Да се опаметиме, другари, зашто вака почнува да наликува на онаа „све је исто, само њега нема”, реагираше вечерва државниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на скандалот со бонус платите на ДИК.
-Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање на бонуси на функционери од неколку плати, се се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе појави нешто вакво и се ќе ти сруши. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти одма друг таков случај. Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите, вели Јовановиќ .