Home / Вести / Чешмата убиец однесе две нови жртви

Чешмата убиец однесе две нови жртви

        Смртта на двајцата браќа А.Н(68) и К.Н(63) кај  чешмата во Кисела вода, во близина на селото Крстор, Битолско,  повторно ги оживеаја тажните сеќавања на битолчани, кои во изминатите години  ги загубија своите најблиски  од труење  кај  оваа чешма, која битолчани одамна ја нарекоја “чешма убиец“.

        Завчера двајца средновечни  браќа, на возраст од 63 и 68 години,  кои беа редовни посетители на Кисела вода и кои со децении си полнеа вода за пиење  од оваа чешма, ги загубија своите животи.

         Тие и тој ден како и вообочаено пред тоа, со своите велосипеди наминаа кај чешмата да си наполнат вода.

-Додека јас бев тука, околу 14 часот тие пристигнаа со велосипедите. Беа видно расположени, како и вообичаено кога доаѓаа тука на рекреација и по полненење на шишиња со вода за пиење.

Откако наполнија  од сребрената  вода отидоа да полнат и кисела вода од чешмата, а јас си заминав дома.

Подоцна кога слушнав дека двајца битолчани на средновечна возраст се најдени мртви  кај чешмата, знаев дека не е од наводен пожар, туку од задушување кај чешмата ни вели Илија Илиевски, чуварот на црквата  “Св. Горгија“ , кој 13 години се грижи за ова црква.

Луѓето кои денеска ги затекнавме кај чешмата за полнење сребрена вода, во близина на црквата “ Св.Горгија“   беа шокирани од трагичната смрт на двајцата браќа, со кои најголемиот број од нив редовно се гледале.

 Еден од нив, кој критичниот  ден  бил  кај Кисела вода, ни раскажа дека наводно  двајцата браќа откако наполниле неколку шишиња со сребрена вода отишле да полнат кисела вода. Прво по скалите до чешмата слегол постариот брат, но кога  нему му се слошило и се струполил покрај чешмата, помалиот брат се обидел да го извлечи. Но за жал од силното труење  со гасовите и тој покрај него паднал и заедно заминале во смрт.

  Со смртта на двјацата браќа бројката на луѓето кои се задушиле од оваа чешма и починале се искачи  на  над десетина.

-Пред еден неполн месец од чешмата кај Кисела вода се задуши уште  еден битолчанец. Но неговата трагична смрт остана “ неевиднетирана “ и незабалежана, бидејки  не беше  обелоденета од јавноста.

Опширна репортажа за случајот со труењето на браќата во печатеното издание на Битолски весник и Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*