Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег која ја зафатија територијата на општината во изминатиот период. Во делот каде што е надлежна општината чистењето на снегот од локалните патишта , улици и тротоари го извршува фирмата која го доби тендерот за зимско одржување на локалните патишта и улици за2018/2019год. на територија на општина Новаци како и ЈП Комунална Хигиена од Новаци каде со сопствена механизација вршат чистење на локалните улици и тротоари во населените места во општината .
Чистењето и одржувањето на регионалните патишта на територија на општина Новаци го изведува Македонија пат каде целосно е исчистен патниот правец Р1311 Битола –Новаци –Рек како и регионалниот пат Новаци –Маково –Старавина , патниот правец Брод-Гнеотино , Новаци –Добрушево како и врска М-5 –Кременица-Бач-Скочивир –Старавина.
Патиштата се проодни до сите населени места во општина Новаци вклучувајќи го и мариовскиот дел каде имаше поголема снежна покривка . Нема отсечени населени места. Општината заедно со ЈП Комунална Хигиена како и фирмата надлежна за зимското одржување во соработка со Македонија Пат будно ја следат состојбата на терен и при најавените нови врнежи од снег во период што следи –велат од општинската управа.