Состојбата со пандемијата зема загрижувачки размери.
Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола интензивно се полни со пациенти и речиси нема слободни места.
Во момeнтот во болницата хоспитализирани се 39 заболени
И додека бројките со пандемијата се загржувачки првите луге на здраството бркаат партиски кампањи, како да ни претстојат предвремени избори.
Очигледно е дека здравствените работници кои не само што се затечени од оваа пандемија и се уморни, имаат и партиски задачи и активности па немаат многу време за подобрување на здравствената состојба на граѓаните.
А и Кризниот штаб за заразни болести со своите контрадикторни и најчесто контраверзни мерки намсто да придонесе за решавање на причините и последиците од коронавирусот става не само неред, туку и вистински хаос кај луѓето.
Затоа единстевниот спас за заштита од ковид 19 е самите да се заштитите и чувате затоа што (ќе)нема кој да ве (за)штити и лекува.
Кај нас одамна партијата е пред се и над се, па дури и пред здравјето на луѓето.
Затоа штитете се самите себе. Носете маски, држете дистанца и грижете се за вашата хигиена.
Сега не е момент ни за журки ни за журкање. Сега е време да се преживее оваа чума на 21 век, за која во овој момент сеуште светот нема лек.
–