Вечерва во Пациото на Заводот и Музеј Битола почнува 42.издание на интерационалниот фестивал на филсмаката камера „Браќа Манаки“
Овој пат за разлика од сите претходни години црвениот тепих ќе биде послан пред зградата на Заводот и Музеј.
Фестивалот, чиј покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде отворен со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ , а потоа премиерно ќе биде прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.
На ова издание на фестивалот љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата која почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжи со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и ЦД-а…