Don't Miss
Home / Uncategorized / Бугарскиот амбасадор во посета на Битола

Бугарскиот амбасадор во посета на Битола

                 

Новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, во понеделникот ја оствари првата работна посета на Битола.    Амбасадорот Ангелов , заедно со генералниот конзул на Бугарија  во Битола, Димитар Иванов, на средбата со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се запознаа со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт.

Во фокусот на разговорот беа состојбите во образованието, здравството и социјалната сфера, во делот на згрижувањето на децата и лицата со одреден  хендикеп. Градоначалничката Петровска истакна дека пројавената желба за помош е секогаш добредојдена и може да се насочи во  делот на енергетска ефикасност на училиштата, нагледните средства и друга техничка поддршка. Тие заедно ги дефинираа можностите на натамошна соработка, кои ке се реализираат во мандатот на новоназначениот амбасадор.

Неговата екселенција, амбасадорот Ангелов, ја потврди досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат, преку кој се остварувала, но и ке се остварува соработката во иднина на сите полиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*