Don't Miss
Home / Uncategorized / Отфрлена иницијативата на Тодор Петров за организирање нов Референдум

Отфрлена иницијативата на Тодор Петров за организирање нов Референдум

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска расправаше и едногласно одлучи да ја отфли иницијативата за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување дополнителен референдум поднесена од Тодор Петров.

Со Граѓанската иницијатива поткрепена со потписи од 157 граѓани се бараше распишување референдум на кој граѓаните со „за“ или „против“ треба да одговорат на прашањето „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија“.

Како што рече претседателот на комисијата, пратеникот Чедомир Саздовски, иницијативата се отфрла како неуредна бидејќи референдумското прашање не е во согласност со името на државата, не е во согласност со Законот за референдум што не дозволува повторен референдум за исто референдумско прашање пред истекот на рокот од две години од претходно одржаниот референдум и затоа што Собранието на седницата на 30 јануари 2019 година веќе донесе одлука за истата граѓанската иницијатива дека не е уредна и гласало за нејзино отфрлање.

Поднесувачот на иницијативата, Петров појасни дека реферндумот има за цел проверка на одлуката на Собранието за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*