Home / Вести / Дали Сашо Мијалков ја дувна?

Дали Сашо Мијалков ја дувна?

Полицијата не успеала да му го врачи на Сашо Мијалков решението за куќен притвор, што викендов го донел Кривичниот суд на барање на обвинителството, како мерка на претпазливост, бидејќи поранешниот директор на УБК од вчера попладне е недостапен, известува МИА, повикувајќи се на полициски извори.

За Мијалков е побаран куќен притвор од страна на обвинителството поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, што е предвидено за петок. Обинителството побара максимална казна за Мијалков во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“. Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година.

Медиумите известуваат дека Мијалков последен пат бил виден вчера околу 14 часот во барот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, како и дека полицијата потоа не успеала да го најде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*