Don't Miss
Home / Вести / Даница Петличкова в.д. претседателка на Здружението на пензионери

Даница Петличкова в.д. претседателка на Здружението на пензионери

       

        Даница Петличкова, по смртта на сега веќе екс претседателот Томе Димитровски е избрана за претседателка на Здружението на пензионери Битола.

        Даница Петличкова , која во изминатиот период ја извршуваше функцијата заменик претседател(ка) на Здружението на пензионери, на оваа функција е избрана  по ненадејната смрт на  Томе Димитровски, кој неодамна почина  на Скопските клиники поради компликации од ковид 19.

        Даница Петличкова  е доста  позната општествено политички работник.

        Таа зад себе има богата професионална, општествена и политичка кариера.

        Долги години Петличкова беше советничка во Советот на Битола, претседателка на Здружението КЛЕА, а и во мандатот на Томе Димитровски како заменичка претседател(ка) беше доста активна.

        Даница Петличкова функцијата  в.д.претседателка на Здружението на пензионери  Битола Новаци и Могила ќе ја обавува до редовните избори во Здружението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*