Don't Miss
Home / Свет / Даниел по Евровизија: Дадовме се од себе на сцената, им благодарам на фановите

Даниел по Евровизија: Дадовме се од себе на сцената, им благодарам на фановите

Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски синоќа настапи со  “Autumn Leaves”  во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти.

Првата полуфинална вечер се одржа пред 10 000 публика во салата Штадтхале во Виена, а телевизискиот пренос го следеа над 130 милиони гледачи во светот.

Од 16 полуфиналисти, 10 држави изборија пласман во финалето: Русија, Естонија, Грција, Белгија, Грузија, Албанија, Србија, Романија, Унгарија, Ерменија.

Завчера веќе гласаа членовите на националните жирија, а синоќа гласаа телевизиските гледачи, со што се комплетираа конечните поени од секоја земја учесничка.

-Дадовме се од себе на сцената и верувам дека емоцијата на “Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на “Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи, изјави Даниел.

Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, а финалната вечер на „Песна на Евровизија“ во сабота, 23. мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*