Home / Економија / Дигитална насмевка – Совет #3: Клиенти

Дигитална насмевка – Совет #3: Клиенти

Немате навика да ги губите Вашите клиенти, но и кога тоа ќе се случи обично се работи за погрешна одлука на самите клиенти. Но сега изгубивте битен клиент, а вината е исклучиво ваша – немате изговор, клиентот ја донесе вистинската одлука и тоа боли.

Не инвестирајте во краткорочни решенија!

Добро е што имате визија и долгорочни планови. Но клиентите на Ваша жалост, не мораат да ја делат Вашата визија. Нивните потреби требаат да бидат исполнети веднаш, а доколку тоа не го направите тие ќе најдат друг партнер.

Исполувајте ги Вашите ветувања!

Клиентите се во главно трпеливи и разбирливи. Но сепак доколку дадете ветување, кое не можете да го исполните, го губите Вашиот кредибилитет и јас губите довербата кај клиентите. Исполнете ги дадените ветувања, а доколку не сте во можност, контактирајте го клиентот.

Не мислете дека сте недопирливи!

Вие сте најдобра компанија во својата бранша и имате репутација. Имате лојални клиенти, но дали се тие задоволни со Вашите производи или услуги? Лојалниот клиент, ќе Ви опрости, но незадоволниот клиент е секогаш отворен за алтернативи на вашите производи или услуги.

Слушајте!

Молчењето не е злато. Клиентите што молчат, се незадоволни клиенти. Слушајте ги Вашите купувачи, комуницирајте со нив по пат на социјални мрежи и секогаш давајте одговор на поставеното прашање или барање.

… наредната недела Совет #4: Понудете вредност

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*