Двајца битолчани се уапсени поради дилање на дрога во центарот на Битола.
Битолската полиција од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица Битола, вчера на ул.„Климент Охридски“ во Битола, ги лишиле од слобода битолчаните Г.Б.(33) и И.Ј.(41).
– Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога и кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.