Don't Miss
Home / Спорт / Димсата на профи меч во Виница

Димсата на профи меч во Виница

Најдобрите македонски кик-боксери в сабота ќе ги вкрстат ракавиците со борците од Турција и Србија.

Борбите ќе бидат профи и тоа во дисциплините лоу-кик и К-1.

За нашиот национален тим ќе настапат: Стојанче Цветковски, Виктор Ѓорѓиевски, Александар Димовски -Димса, Димитар Георгиев, Мики Ивановски,

Покрај овие 5 профи борби ќе има и две уводни аматерски борби.

-Ова ќе биде вистински спектакл на кој нашите репрезентативци ќе дадат се од себе да ги совладаат турските борци, кои навистина се во врвот на светскиот кик-бокс. Битолскиот репрезентативец Александар Димовски-Димса, кој е член на Кик-бокс клубот Самурај од нашиот град, е навистина во одлична форма и е подготвен да се бори до крај фајтерски и да извојува победа над турскиот борец, кој има богата профи кариера, вели тренерот на Самурај, Тони Бошевски, кој воедно е и тренер на Македонската кик-бокс репрезентација.
-Ова за мене е нов предизвик и ново професионално искуство. Инаку, во одлична форма сум бидејќи по завршеното европско првенство не прекинав со работа, туку продолжив со посилно темпо, вели Александар Димовски – Димса.
Овој профи спектакл кој по петти пат традиционално се одржува во чест на Љупчо Неделковски, основачот на кик- боксот во Македонија, а еднаш се организира и во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*