Home / Вести / Добредојдовте во “Немачка” 2023-то лето господово !

Добредојдовте во “Немачка” 2023-то лето господово !

Специјално за Битолски весник:

Димитар Петковски

        Доаѓањето во Германија за секој македонски намерник почнува  речиси исто. 

-Слетвате на Аеродром и одма контрола кој си? Од кај си ? шо бараш во Германија, колку време ќе седите итн. Од другата поисточна страна на Дојчланд – “врвулица” бегалци од војната во Украина, сите добродојдени, никој ништо не смеј да ги праша.

Добредојде на сите железнички станици, автобуски и дирек во станови и куќи,за неколку дена нови лични карти (германски), сим картичка, плакање сметки е мисловна именка за сите кои доаѓаат од Украина , како и месечно за секој член од општината(Јоб Центар) добива по минимум 400 до 450 евра, како и секој да учи јазик иако половина  не го сакаат тоа – и имате тотална дијаметрална спортивност со нас од Балканот.

 Чекате виза, се пријавувате чекате за стан/кука, чекате термини за курс да учите јазик, чекате за се во буквална смислам на зборот-односно се запознавате со далеку прочуената Германска бирократија, која нажалост за нас балканците и те како функционира, а пак за овие новите “фацхкрäфте” кои доагјаат од Украина тоа не важи  односно германецот се надева дека од  работен кадар – ( фацхкрäфте)!

Жими мајка викат кај нас во Битола. Ако порано во екс-Ју, Германија беше во топ 3 дестинации за печалбарство на нашинците од Македонија и Балканот, сега од почетокот на војната во Украина  во “Немачка” навистина почна да “нема” или пак по битолски кажано ќе речиме “снемва”

Економијата во првиот квартал од 2023-та Германија е за прв пат по втората светска војна во групата 20 најбогати земји, дури 20-тата со -0,2% раст. Ако некој смета дека ова е антиреклама за Германија се лажи затоа што сите што живееме тука знаеме колку тежеше потрошувачката кошница пред 3 години, а колку сега и што можете  да купите со 100 евра пресметано во куповна мок.

         Откажувањето”љубов” на “агресорот” Русија многу ја чинеше “локомотивата” -Германија, а заедно со неа и “возот” Европа и сите земји кои се, или беа на “грбот” на германецот, сега “успешно” стагнираат. Бегалското добредојде за Украинците и економските проблеми на секој Германец, односно владата предводена од СПД и канцеларот Шолц и тоа како се одразија во големо незадоволство кај Германците, брзо напредува крајната десница АФД (веќе победи во нашиот регион Туринген во градот Сонеберг) а постои само 10 години и нивниот рејтинг секој дневно расте и  сигурно ви е јасно зошто! АФД тука во политичкиот спектар е попозната од сенка како “нацистичка” партија, зашто таа се залага за неприфакање на бегалци, или со еден збор непотребните “Ауслäндерн-странци” кои не придонесуваат никако веке 2-ра година му е се бесплатно, а во работните органзации ги нема, народно кажано, тука Украинците и азилантите ја играат улогата  од народните приказни, кога ти дават земај, кога те бркаат бегај.

Многу јасно е дека 1/3 од рабтната  сила во “Немачка “  се странци, односно се она што не го работат Германците го работат погоре споменатите ‘Ауслендери-странците’, или со еден збор кажано “странците-надвор” од Германија, или сите оние кои се на грбот на државата. Не е можно, но е можно да се затегнува обрацот околу сите кои досега уживаа во бенефитите на старата славна Германија.

 Весниците и телевизиите се доста воздржани од прикажувањето на реалната слика за моменталниот економски (не)напредок на Германија, но тоа мора вешто да се (с)крие поради други фактори и големото влијание на Западот(УСА). Тоа и колегите, но и пријателите Германци го знаат и го чуствуваат исто како и нивното секојдневно соочување со новата економска реалност. Ако  во короната и пред почеток на војната производите беа во паковања од 500 грама до 1 килограм, сега чести се паковањата од 100 до 250 грама, а цените се над 50 отсто,  а некои ги преминуваат 100 проценти  поскапување на истите. Секој оној кој се разбира од економија знае буквално што значи ова и во каква насока оди Германската економија.

Тешко заработените пари нашиот народ Македонци, но и сите балканци кои живеат и работат во Германија со еден збор германската дебела инфлација му го јаде големиот дел од нивната заштеда која порано и тоа како му останувала – ке се пожалат балканците/македонците при наша средба во Регионот Туринген (стара Источна Германија – ДДР).

Во следниот број очекувајте интересна сторија , паралела помеѓу Источна и Западна Германија, односно како тоа постарите вработени во германската (источна) администрација сеуште работат со Флопи Диск и не се принудени да учат програми или основно познавање од компјутери и слично.

Ауфидерзен македонски и балкански народе !

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник, кое ќе излези среда на 25 октомври

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*