Новата поетска книга „Долините на душата” од Кире Неделковски објавена е во издавачката кука „Панили” од Скопје. Во педесестина песни поетот го дополнува својот духовен дневник со новите сознанија и размисли за животот и минливоста. Неговата поетска аура е полна со будна лирика која војува со времето и се прилагодува со новите потреби на светов.
Кире Неделковски си има еден свој чист свет со чисти „долини” од поезија во кои ги собира сите луѓе да живеат мирно и креативно. Во седум циклуси поетот како духовен номад патува со своите размисли и ги бележи инспиративните мигови од Охрид, Струга, Вевчани, Велестово и други места низ кои поминал.
Љубипитниот поет проверува многу размисли за светов во кој живееме, проверува многу промени кои брзо го менуваат животот. Духовниот дневник е полн и со натприродни размисли за животот и времето кое ги голта годините. Војуванјето со времето е војување со неименливото и со обидот да се опстојува некаде во невидливата иднина или во безмерноста на духот. Оваа медитативна поезија ги обновува секавањата за Прличев, Конески, Живко Чинго и други автори за кои Кире Неделковски размислува и пишува свои согледувања.
Цврстата тематска целина која духовно опстојува во „Долините на душата” е дополнета со обемниот поговор од професор д-р Даниела Андоновска – Трајковска и насловната корица на слика од академик Васко Тасковски.
Кире Неделковски има објавено дваесетина поетски книги и неколку избори во „Матица”. Учествуваше на сите поетски фестивали во Македонија, а застапуван е во повеке избори и антологии.