Home / Uncategorized / Мијалков повторно на обвинителна клупа!

Мијалков повторно на обвинителна клупа!

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски кој чека одлука за екстрадиција, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и екс помошник-министерот во МВР, Небојша Стаковиќ денеска седнуваат на обвинителна клупа за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“.

Четворицата се обвинети за нелегална набавка на опрема за која како што стои во обвинението, ја ангажирале оф шор фирмата „Финзи“ како посредник за да и овозможат профит со кој потоа се инвестира во отварање на друга фирма блиска до обвинетите.

Според СЈО, во овој слулај се злоупотребени средства од Буџетот на РМ во висина од 862 илјади евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*