АД ЕСМ, Комбинатот РЕК “ Битола “ и Синдиаклните организации на најголемиот електро енергетски капацитет во државата, денеска на Регионалниот вакцинален пункт во Битола му донираа специјална машина за чистење и дезинфекција на подните површини.
Донацијата на раководителката на вакциналниот пункт Весна Спирковска му ја предаде првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој притоа нагласи дека ова не е прва донација на АД ЕСМ, РЕК “ Битола “ и Синдиаклните организации. Тие, како општествено одговорна компанија и пред тоа донираа за вакциналниот пункт преку 13.000 шишиња со вода за пиење, а со донациите ќе продолжат и во наредниот период.
Заблагодарувајќи се за донацијата директорката на Здравствениот дом во Битола и раководителка на Регионалниот вакцинален пункт Весна Спирковска изјави дека вакцинацијата во Регионалниот центар во Битола се одвива мошне добро и дека овој регион по бројот на примените вакцини се ближи до колективниот имунитет.