Доналд Трамп е личност на годината на магазинот „Тајм“.
Неговата втора изборна победа е историска на повеќе начини“, објави Тајм при претставувањето на потесниот круг, во кој беа вклучени и Илон Маск и Кејт Мидлтон.
–Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата на САД, кој по вторпат ќе ја преземе функцијата на возраст од 78 години и седум месеци. Кога Џо Бајден го започна својот мандат во 2021 година, тој имаше 78 години и два месеци. Трамп исто така ќе биде првиот осуденик избран за претседател– објави „Тајм“, осврнувајќи се на неговата пресуда за фалсификување деловни документи за изборна измама.
Магазинот по вторпат го избра Доналд Трамп за личност на годината, откако првпат беше прогласен за личност на годината во 2016 година, кога ја победи Хилари Клинтон на претседателските избори и стана претседател на Соединетите Американски Држави.