Don't Miss
Home / Uncategorized / Донесен буџетот на Општина Битола за 2015 година

Донесен буџетот на Општина Битола за 2015 година

Советниците на вчерашната последна седница за оваа година го изгласаа буџетот на Општина Битола за новата 2015 година. Според советниците од владејачката партија, приоритет следната година, му се дава повторно  на капиталните инвестиции во општина Битола.

Голем удел во креирањето на буџетот, имаат граѓаните, децидни се советниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред концепирањето на предлог- буџетот за новата година на средбите што ги имаше градоначалникот, локалната администрација заедно со претставници на јавните претпријатија активно учество имаа голем број битолчани и претставници од руралните средини. Дел од проектите се усвоени, поточно поприоритетните и истите ќе бидат финансирани од општинскиот буџет. Од распложливите 12, 7 мил евра, 55 проценти се исклучиво наменети за капитални расходи, поточно за реконструкција на улици, капацитети за водоснабдување, реконструкција на канализациони мрежи, проекти кои се за подобар живот на битолчани- изјави советникот Николче Јанкуловски од владејачкото мнозинство во  Советот на општина Битола.

 

sovet denes 2 sovet 2

Опозициските советници беа против долгорочното кредитно задолжување кое според нив,  опфаќа речиси десет проценти од вкупната приходна сума во буџетот на Општина Битола.

-Недомаќинското работење на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се гледа во сите овие години. Со кредити ќе решаваме инфраструктурни проекти, во Касарната, за кои Општината имаше пари ама ги пренасочи на друго место. Затоа доцнат инфраструктурните зафати во тој простор. Поднесовме 30 амандмни, и бараме средства од буџетот за реконструкција на спортската сала , Офицерскиот дом и фонтаната, реконструкција на индустрискиот пат, повеќе средства за спортските клубови итн- истакна координаторката на советничка група на СДСМ, Наташа Петровска.

Буџетот за 2015 год, е проектиран со нагласена развојна компонента вклучувајќи го во исто време и родовото буџетирање што овозможува буџетско следење , транспарентност и ефикасност на трошењето на буџетските средства, децидна е советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Карапашовска.
-Буџетот за 2015 год, изнесува 1 381 796 425 ден.со 40 % учество на сопствени приходи во основениот буџет, другите приходи се по основ на самофинансирачки активности, дотации и донации. Што се однесува до задолжувањето тоа изнесува 155 883 087ден. кој претставува 9,2% учество во буџетот, станува збор за учество на Општина Битола во втора фаза од проектот на Министерството за финансии за користење на средства од Светска банка за подобрување на инфраструктурните капацитети во општините во Република Македонија.Се работи за исклучително поволен заем со долг рок на враќање и многу ниска каматна стапка од околу 2%. На крајот на успешно реализираниот проект, министерството за финансии врши враќање на 5% од заемот во вид на финансирање на проект. Средствата се наменски за изградба на инфраструктурата во АРМ 1 и 2. Бенефитот за граѓаните на Општина Битола е многу голем од повеќе аспекти имајќи во предвид дека се работи за голем урбанистички опфат кој не трпи парцијални решенија односно постепено вложување- образложи советничката, Соња Карапашовска.

На расправата за буџетот за 2015 год беа поднесени 30 амандмани од страна на опозицијата а беа прифатени пет до шест  амандмани.

 

 

В.М.Мл

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*