На 10 јуни во спортската сала „Младост” во Битола ќе се одржи Државно првенство во модерни танци 2018. Организатор на Државното првенство е танцовиот спортски клуб Ехпозе од Битола, како домакин и Македонската Асоцијација за модерни танци.
На првенството учество ќе земат над 2.000 танчери од 15 танцови клубови , членови на МАМТ, кои ќе се натпреваруваат за титулата
За битолчани влезот е бесплатен.
Тацовиот клуб Ехпозе ќе има 460 натпреварувачи во неколку дисциплини и старосни категории. изјави Бобан Катароски од ТСК Ехпосе. Натпреварот ќе биде во согласност со правилата и прописите на ИДО – Интернатионал Данце Организатион.