Еден мртов и четворица тешко повредени лица е билансот на тешката сообраќана несреќа која се случи вечерва на патот Битола-Прилеп
Во несреќата, која се случи кај бензиската пумпа “Пелагонија Петрол” на самиот влез за Битола, дошло до страотен судир во кој едно лице остана мртво на самото место, додека четворица повредени се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им се укажува помош. За дел од повредените кои се прегледуваат во разни одделнија е потребна крв.
Засега не се познати причините за ваквата тешка сообракајна несреќа.