Членовите од четирите невладини организации Културно Иновативниот Клуб Новаци, КУД Новаци,МГА Новаци и Новак 2014 заедно со ЈП„Комунална Хигиена“Новаци со заедничка работна акција ќе го одбележат Светскиот ден на планетата земја 22 -ри април.
Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина.
-Општина Новаци многу се залага за чиста и здрава животна средина особено затоа што е доста загадена заради работењето на рудникот и РЕК најголемиот производител на електрична енергија во државата. Токму затоа спроведуваме постојано акции за чистење на дивите депонии, населените места и слично. Ме радува што невладинито сектор од нашата општина започна ваква акција која ќе биде насочена првенствено на разбудување нас веста кај населението – вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Акцијата за чистење на околината ќе трае три дена а истата носи наслов “Find the Green 2015”.
К.Ч.