Паднаа првите одлуки на законодавниот дом. Наставниците и ученици може да здивнат. Парламентарното мнозинство заедно со опозициските БЕСА и ДПА, во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ го донесе законот со кој се укинува екстерното тестирање.
На седницата на парламентот беа донесени измени на изборниот законик. Со неговите замени се продложија мандатите на градоначалниците и советниците, но без да се чепка законот за локалната самоуправа , за што е потребно 2/3 мнозинство на што инсистираа дел од правните експерти. Најголемата опозициска партија реши да не учествува на седницата поради инцидентот со нападот врз екс минситерот за здравство Никола Тодоров.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
