Don't Miss
Home / Вести / Енергетската трансформација на ЕСМ препознаена во регионот

Енергетската трансформација на ЕСМ препознаена во регионот

Деновиве Балканската телевизиска мрежа Ал Џазира емитуваше репортажа за енергетската трансформација која се спроведува во Северна Македонија, започната преку најголемиот проект на изградба на фотонапонски електроцентрали на местотот на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК “Осломеј“-Кичево.

           Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски истакна  дека две фотонапонски централи од по 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати, која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК “Осломеј“, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност.

        Ковачевски потенцираше дека истовремено со енергетската трансформацаија се работи и на социјална трансформација, односно дел од вработените во термоелектраната “Осломеј“ ќе бидат префрлени во фотонапонските електрани.

       -Проектот наидува на поддршка кај локалното население и исто така е поздравен и од Европската енергетска заедница од чија страна Северна Македонија беше истакната како лидер во реформите во секторот енергетика, нешто што се потврдува и со проектот за енергетска трансформација кој го спроведува АД ЕСМ, а чија цел е постепено префрлање на производството на електрична енергија од традиционалните технологии кон чисти и обновливи извори на енергија, како сонце, ветер и вода, истакна првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски за Ал Џазира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*