Don't Miss
Home / Uncategorized / Енормно загадување на воздухот во Битола во утринските и вечерните часови

Енормно загадување на воздухот во Битола во утринските и вечерните часови

Деновиве се погласни се реакциите на битолчани околу загадувањето на воздухот во градот. Граѓаните масовно даваат поддршка на фејсбук-групата “Битола сака чист воздух”, а почнаа и со собирање потписи за петиција за заштита на граѓаните на Битола од загадувањето.
Мерните станици во Битола, час работат, час не. Мерната станица Битола 1, од петокот проработи, но не знаеме дали поради реакциите на јавноста или поради некоја друга причина.

bitola zagaduvanje

Според податоците од мерењата кои се објавуваат на официјалната интернет-страница на Министерството за животна средина и просторно планирање, загадувањето во Битола во петокот било многу високо. Така, според индексот за квалитетот на воздухот, во раните утрински часови во петокот, загадувањето на воздухот во Битола со суспендирани честички ПМ 10 било околу 260 µг/м3 , што е повисоко од максималните вредности од 180 µг/м3 , исто така екстремно високи вредности околу 200 µг/м3 има и во раните утрински часови меѓу петок и сабота.
Инаку, ПМ 10 (ПМ 10) суспендираните честички се исклучително штетни за здравјето на луѓето и се најчести причинители на респираторни и кардиоваскуларни болести, како и рак на белите дробови, а најчести извори на загадување со овие честички се индустриските капацитети, термоелектраните, градилишта, моторните возила и при согорување на дрва. Покрај ПМ 10, исто така многу штетни се и ПМ 2.5 (ПМ 2.5) т.н. фини суспендирани честички, за чија концентрација во воздухот нема податоци.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*