Don't Miss
Home / Вести / ЕСМ за март ќе купува гас од „Макпетрол“ – имал најниска цена од трите пријавени компании

ЕСМ за март ќе купува гас од „Макпетрол“ – имал најниска цена од трите пријавени компании

Државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за потребите на топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје-Север“ за март ќе купува гас од домашната компанија „Макпетрол“ бидејќи понудила најниска цена.

Компанијата ќе набави гас за цена од 60,10 евра за мегаватчас.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, на прес-конференција денеска посочи дека „Макпетрол“ како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.

Јавниот повик траеше од 21 до 24 февруари годинава и на него можеа да конкурираат сите домашни и странски компании, а се бараше испорака на 1 200 до 2 380 мегаватчасови количини гас дневно.

На повикот се јавиле три понудувачи со следните понуди, односно покрај „Макетрол“ конкурирале уште две бугарски компании.

Станува збор за „Балкан Јутилитис“ која понудила цена од 67 евра и „Актаел“ со цена од 78 евра.

„Го поддржуваме фактот што ’Макпетрол‘ одлучи да учествува на повикот, да достави понуда со фиксна цена, и да достави најповолна понуда. Во интерес и на државата е домашна компанија да снабдува со природен гас во толку значајни количини, капиталот да останува тука, и добивката да ја дели со своите вработени и акционери“,рече Ковачевски.

Ова е трет јавен повик. Претходно, „Макпетрол“ не учествуваше, а од директорот на ЕСМ вели дека како компанија некоректно биле обвинувани дека со тоа што барале понудувачот да понуди фиксна цена се фаворизира некоја фирма, а се оневозможува друга да конкурира, изјави денеска Васко ковачевски.

„После овој повик и оваа одлука, тие тврдења паѓаат во вода. Овојпат самиот ’Макпетрол‘ понуди фиксна цена, и понуди најниска фиксна цена од сите понудувачи и тоа е добро и за компанијата и за државата. ЕСМ Продажба во изминатите месеци повеќе пати го повикуваше ’Макпетрол‘, и јавно и директно, да учествува и да поднесе понуда и на претходните повици. Но, наместо тоа, тоа што се обидуваше да го направи оваа фирма и нејзините медиумски поддржувачи беше да се обидат да ги сменат условите за јавна набавка на една државна компанија за да удоволат на една приватна фирма. Се вршеше невиден и непримерен притисок кој не остана незабележан, и кај најголем дел од јавноста наиде на неодобрување“, рече Ковачевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*